Фото: ТВ21 / скриншот

Полицијата пронајде петмина мигранти, се криеле во џамија во кумановското село Костурник

Граничната полиција вечерва привела петмина нелегални имигранти од Авганистан кои се криеле во џамија во селото Костурник, пренесува телевизијата „21“.

Голем број други мигранти биле фатени при обид да ја напуштат областа.

Властите потврдуваат дека приведената група ќе биде префрлена во транзитниот центар во Табановце на понатамошна постапка.

Локалните жители велат дека оваа мигрантска рута често носи сомнителни луѓе кои ја загрозуваат јавната безбедност. Таа е популарна за мигрантите, кои транзитираат од Грција и потоа продолжуваат кон Србија и во западноевропските земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!