Фото Слободен печат/ Драган Митрески

Полицијата и школите имаат нов „план за мерки и активности“ против лажните дојави за бомби

Владата соопшти дека Министерството за внатреши работи и Бирото за јавна безбедност денеска во Владата на координативен состанок го презентираа новото упатство за постапките и мерките што ги презема МВР по добиена информација, сознание или дојава за терористички загрозувања и по основ на упатството разработен е план за мерки и активности за спроведување. Дополнително, се работи и на упатство со мерки од страна МОН до директорите на сите училишта кои ќе имаат обврска да ги применуваат.

На состанокот на кој присуствувале премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за образование и наука Јетон Шаќири, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски беше нагласено и дека МВР обезбедува и постојани полициски патроли за обезбедување на училиштата, велат од Владата.

Дополнително, како што соопшти владината прес-служба, мерките и активностите кои Министерството за образование и наука веќе ги презема за справување со хибридните закани се надополнуваат со безбедносно јакнење на училиштата со кои се гарантира сигурноста и безбедноста на учениците и наставниот кадар во самите училишта.

-Комплементарно на упатството кое МВР го има разработено, се работи и на упатство со мерки од страна МОН до сите директори на сите училишта на територијата на Република Северна Македонија, кои ќе имаат обврска да го применат со цел јакнење на безбедноста на учениците и наставниот кадар и непречено одвивање на наставниот процес. Мерките за јакнење на безбедноста на училиштата и наставниот процес ќе бидат детално образложени на директорите на училиштата во следните неколку денови, а благовремено ќе бидат известени и родителите како и јавноста, наведуваат од Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот