Местото на сообраќајната несреќа на градоначалникот на Бистра ФОТО/Дневник.хр

Уапсен е хрватски градоначалник – удрил со автомобил во сообраќаен знак и избегал

Полицијата во Загреб го приведе 42-годишниот Карло Новосел, новиот началник на општината Бистра, поради бегство од сообраќајната несреќа во која учествуваше овој петок и нарушување на јавниот ред и мир, пренесува хрватски Дневник.хр.

Тој е обвинет за неколку прекршоци и се соочува со затворска казна.

Несреќата се случила во петокот вечерта кога градоначалникот, почнал да престигнува во коловозот и удрил во возилото пред него кое невнимателно свртувало.

Како резултат на судирот, тојотата на началникот удрила во сообраќаен знак, а Мерцедесот удрил во семафор и дрво.

Двајцата возачи избегале, а тојотата на началникот Новосел останала на местото на несреќата. Ден потоа, возачот на Мерцедесот сам се пријавил во полиција, додека началникот на општина Бистра бил пронајден и приведен од страна на полициски службеници. Во несреќата, никој не бил повреден.

Како што пренесува Индекс, началникот Новосел е приведен и пријавен за дури пет сообраќајни прекршоци: напуштање на местото на сообраќајна несреќа без оставање информации за себе или пополнување на европски извештај, непочитување на сообраќаен знак – полна линија, престигнување директно пред раскрсница, престигнување на возило кое се приближувало до обележан пешачки премин и за нелегално управување со возило во сообраќајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот