фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Пол Погба од следната сезона ќе игра за Монако

Пол Погба постигна договор со Монако и наскоро ќе биде официјално претставен како ново засилување на клубот. Францускиот фудбалер ќе потпише договор до јуни 2027 година, објави Фабрицио Романо.

Се очекува тој да пристигне во Монако од САД во следните 24 часа, по што ќе ги помине задолжителните лекарски прегледи.

И покрај интересот од клубови во Саудиска Арабија и од американската МЛС лига, 32-годишниот играч од средниот ред одлучи да ја продолжи кариерата во Европа.

Неговата амбиција е да се врати на највисоко ниво и да заработи место во репрезентацијата на Франција за Светското првенство во 2026 година.

Погба не играл на официјален натпревар од септември 2023 година, откако беше прогласен за виновен за употреба на забранети супстанции. Неговата првична казна беше четири години, но подоцна беше намалена на 18 месеци. Последен пат го носеше тимот на Јувентус, од кој беше отпуштен во декември минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот