Фото: Handout / AFP / Profimedia

Погубен маж кој беше осуден на смрт во Алабама: Ким Кардашијан и други истакнати личности бараа негово помилување

Во американската сојузна држава Алабама е погубен човек кој беше осуден на смрт поради убиство на три полицајци, и покрај тоа што голем број на истакнати личности се ангажираа тоа да не се случи, сомневајќи се во неговата кривица.

Меѓу нив беше и синот на познатиот американски борец за човекови права Мартин Лутер Кинг, наведува „Ројтерс“.

Натаниел Вудс (43), осуден е во 2004 година за убиство на тројца полицајци во кои пукал друг човек, Кери Спенсер, кој исто така е осуден на смрт.

Полицајците се убиени за време на апсењето на Вудс во куќа за од која се верувало дека се растура дрога.

Вудс е осуден како сочуесник, а казната му е изречена бидејќи се верувало оти стои зад нападот на полицајците, кој е оценет како најкрвавиот ден во историјата на полицијата на Бирмингем.

Молба за негово помилување вложија многу истакнати личности, меѓу кои и Мартин Лутер Кинг Третиот, но гувернерката на Алабама Кеј Ајви, одби да го помилува.

Познатата ѕвезда во САД Ким Кардашијан исто така упати молба за одложување на неговото погубување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот