Порцелан/ Фото: Википедија

Погледнете го порцеланот наследен од баба – може да вреди стотици илјади евра

Доколку дома имате порцелански чаши или предмети што ви останале од баба ви, добро погледнете ги, бидејќи би можеле да вредат вистинско богатство. Иако најчесто се скриени на задниот дел од полицата, порцеланските предмети можат да имаат значителна вредност, а клучот за ова е скриен на дното.

Производството на порцелан има илјадагодишни корени во Кина, каде што се појавил за време на династијата Танг (7-10 век). Во тоа време, ништо не можело да се спореди со овој деликатен материјал кој лесно се обликувал и декорирал. За разлика од тешката и кршлива европска керамика, кинескиот порцелан бил лесен и издржлив.

Тоа се променило на почетокот на 18 век, кога германските научници Јохан Фридрих Бетгер и Еренфрид Валтер фон Цирнхаузен ја откриле тајната на производството на порцелан. Набргу потоа, саксонскиот изборен кнез Фридрих Август I основал фабрика за порцелан во Мајсен.

Додека во Кина порцеланот бил обележан со симболи на владејачките династии, европските производители вовеле ознаки за да го заштитат потеклото и да спречат фалсификување. Фабриката Мајсен наскоро почнала да го користи симболот на два вкрстени меча, чија форма се менувала со текот на времето, но останала препознатлив белег на порцеланот Мајсен.

Порцеланот Мајсен не вклучува само чаши, туку и познати порцелански фигурини и предмети. Чести мотиви се мали цвеќиња или сцени од лов, како и карактеристичниот дезен „лак“.

Порцеланот Мајсен е еден од највредните во светот, но важно е да се провери неговата состојба. Предметите не смеат да бидат скршени, а декорациите не смеат да бидат избришани. Највредни се комплетните и неоштетени комплети, кои на аукциите можат да достигнат цени од стотици илјади евра.

– Колекционерите сè уште покажуваат голем интерес за зачуван антички порцелан – се наведува во текстот на Каматица.

Дури и ако не најдете вкрстени мечеви на дното од чашата, порцеланот од други брендови може да се цени. Производи од фабрики како што се Дуби, Тун, Локет или Ројал Дукс често може да се најдат во домовите. Овие предмети исто така можат да имаат значителна вредност, особено ако се во добра состојба.

По 37 години од кражбата: Пронајден порцелански бокал на Марија Антоанета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот