Зоран Јованов (татко на Васил Јованов осомничен за предизвикување сообраќајна незгода со смртни последици) и Сашко Дуковски (адвокат на Васил Јованов) / Фото „Слободен печат“ Мирослава Симоновска

Поднесено обвинение против таткото на Васил Јованов

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против Зоран Јованов, таткото на Васил Јованов, за кривично дело Предизвикување општа опасност од член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

– Во текот на претходната постапка, јавниот обвинител обезбеди докази од кои произлегува дека обвинетиот, во периодот од 04.11.2022 до 30.01.2025 година со општоопасно дејствие предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, свесен дека поради неговите сторувања можат да настапат штетни последици, а сепак лекомислено сметал дека тие нема да настапат – велат од Обвинителство.

Тој на својот син му давал да управува патничко моторно возило „пежо 207“, иако знаел дека синот не смее да управува со автомобил бидејќи нема возачка дозвола и е повеќекратен сторител на сообраќајни деликти, и тоа: едно кривично дело – сообраќајна несреќа со полесни последици во ноември 2022 година, 11 сообраќајни прекршоци (возење без возачка дозвола, возење под дејство на алкохол, непочитување на семафор и на пешачки премин) во текот на 2023 и 2024 година, како и кривично дело – сообраќајна несреќа со смртни последици на 29.01.2025 година, во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова.

Обвинение за несреќата во која загина Фросина – на Јованов му се закануваат 20 години затвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!