мост Беласица/слободен печат/фото Слободан Ѓуриќ

Поднесена е кривична пријава за пожарот на мостот „Беласица”

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска објави дека е поднесена кривична пријава за пожарот на мостот „Беласица“ кој избувна на 11 мај минатата година.

-Под мостот предизвикан е пожар на “просторија за компензација на тополовод” во истиот мост, на левиот брег на реката Вардар, кој се проширил на термичката изолација и топловодните цевководи кои се дел од топлификациска мрежа на ЕСМ – снабдување со топлина, при што предизвикани се и топлински оштетувања на наведениот топловод како и видливи оштетувања на конструктивните елементи на мостот, вели Тошковски.

Со наведеното дејствие извршено е кривично дело “Тешки дела против општата сигурност” по чл. 292 од КЗ, а во врска со кривично дело “Предизвикување општа опасност” по чл. 288 од КЗ за што од страна на Единица за насилен криминал при СВР Скопје преземени се опсежни оперативни мерки за откривање на сторителот на истото.

-По изготвувањето на анализи во Одделот за форензички испитувања на подигнатите траги од лице место (отпушоци од цигари и запалка) од страна на полициски службеници извршен е разговор со повеќе лица при што е утврден сторителот на горенаведеното кривично дело, лицето И.Х.(37) од Скопје и против истиот на 10.05.2024 година до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава, информира Тошковски.

Пријавениот И.Х. од 12.09.2023 година се наоѓа на издржување казна затвор во КПУ “Скопје” поради сторено кривично дело “Тешка кражба” по чл. 236 од КЗ.

ЕСМ сѐ уште не ја започна санацијата на мостот „Беласица“, се работело за комплексна активност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот