ФОТО/ eyc2028.podgorica.me

Подгорица се пласира во третиот круг од кандидатурите за Европска престолнина на младите за 2028 година

Подгорица, главниот град на Црна Гора  успешно ја помина евалуацијата на апликацијата за третиот круг од кандидатурата за титулата Европска престолнина на младите 2028, а жирито на Европскиот град на млади даде позитивни насоки за продолжување на процесот, пренесува Радио телевиција Црна Гора.

„Апликацијата на главниот град беше оценета како ветувачка, амбициозна и со јасна посветеност на јакнење на младите, што го потврдува квалитетот и релевантноста на предложените програми и активности. Особено беа истакнати сегментите на комуникација, дизајн на програмата и вклучување на младите во процесот на подготовка, што покажува дека главниот град развива инклузивен и партиципативен пристап кон младинската политика“, соопштија општнските власти.

Беше забележано дека зад кандидатурата постои силна мотивација, при што секоја активност е поддржана од консултации и предлози од млади луѓе, што уште еднаш го потврдува партиципативниот пристап за младите луѓе.

„Овој резултат претставува заеднички напор, работа и посветеност на сите релевантни засегнати страни од локално и национално ниво, со силна поддршка од невладиниот сектор, студентските организации и меѓународните партнери“, се додава во соопштението.

Како што рекоа од општина Подгорица, заедничката визија и соработка покажаа дека Главниот град има сила и потенцијал да стане Европска престолнина на младите за 2028 година.

„Следните два месеци ќе бидат клучни за финализирање на апликацијата во согласност со добиените упатства и подготовка за финалето на самото натпреварување, кога нашиот тим ќе ја брани својата кандидатура пред жирито на EYC и ќе се надева на оваа престижна титула“, заклучија тие во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот