Униформа за основците/ Фото: Општина Гази Баба

Поделени бесплатни униформи за 6800 основци во училиштата во Гази Баба

Општина Гази Баба и ова учебна година обезбеди бесплатни униформи за 6.800 ученици, проект што за првпат се реализираше пред две години.

Униформите се повеќе од облека. Тие се симбол на еднаквост и заедништво. Со нив, сите ученици се дел од една иста заедница, без поделби и разлики, напиша градоначалникот Бобан Стефковски на Фејсбук по посетата на ОУ „Дане Крапчев“.

Според него ова претставува значајна поддршка на семејниот буџет на родителите, а на учениците, како што рече, им останува само една задача – да учат, да сонуваат и да се развиваат без предрасуди и без бариери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!