EPA-EFE/PETER POWELL

Поддрша за Касиљас од сите страни

Икер Касиљас се наоѓа надвор од животна опасност откако утринава доживеа срцев удар на тренингот на Порто. Тој беше пренесен во локална болница и веднаш беше изврпен оперативен зафат врз него. Касиљас се чувствува многу подобро.

„Икер Касилјас доживеа акутен миокарден инфаркт за време на утринскиот тренинг. Тренингот беше прекинат за да му биде укажана прва помош, а потоа беше пренесен на клиника во Порто. Касилјас е добро, стабилен е и проблемот со срцето е решен“, стои во соопштението на Порто.

Огромен број на фудбалери и спортисти ширум светот упатија пораки со поддршка за легендарниот голман кој со Шпанија триумфира на Светското (2010) и Европското првенство (2008 и 2012). Со екипиата на Реал Мадрид три пати триумфира во Лигата на шампионите. Последните четири години е дел од португалскиот гигант Порто.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот