Нови израелски напади во Газа/Фото: EPA-EFE/YAHYA ARHAB

Податоците на Израелската армија покажуваат стапка на смртност кај цивилите во Газа од 83 проценти

Податоците од доверливата база на податоци на израелската воена разузнавачка служба покажуваат дека пет од шесте Палестинци убиени од израелските сили во војната во Газа биле цивили, односно стапката на смртност кај цивилите во Газа е околу 83 проценти, објавува денес „Гардијан“.

Податоците од класифицираната база на податоци на Израелските одбранбени сили (ИДФ) наведуваат 8.900 именувани борци на палестинското милитантно движење Хамас и палестинскиот исламски џихад како мртви или „веројатно мртви“ во мај, според заедничката истрага на „Гардијан“, израелско-палестинското списание „+972“ и хебрејскиот медиум „Локал Кол“.

Во мај, според здравствените власти во Газа, 53.000 Палестинци биле убиени во израелски напади од почетокот на војната, а тој број вклучувал борци и цивили.

Борците именувани во базата на податоци на израелската воена разузнавачка служба сочинувале само 17 проценти од вкупниот број, што укажува дека 83 проценти од мртвите биле цивили.

Според палестинското Министерство за здравство, до 14 мај оваа година во Газа имало 52.928 смртни случаи, а наведени се само луѓето чии тела се пронајдени, а не илјадниците закопани под урнатините.

Израелското воено разузнавање исто така не е запознаено со сите смртни случаи на милитанти или нови регрути, но тие бази на податоци ги користат израелските офицери за воено планирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот