ВИДЕО| Почнаа да се поставуваат вендинг машини, привилегии за користење ќе имаат само центарци

На овој проект работиме веќе две години и мило ми е што имавме можност да ги претставиме првите вендинг машини, за рециклирање пластика и поврат на средства, рече денеска во Скопски агол на Утрински брифинг директорот на Паркинзи на општина центар, Васко Кичевски.

-Првите седум машини се веќе поставени, а до крајот на годината ќе имаме поставено 27 машини, сите на територија на општина Центар. Целта на проектот е пред се да ја заштитиме животната средина, но и да ги мотивираме граѓаните да го селектираат отпадот, преку поврат на средства. За секое рециклирано пластично шише или лименка од 0,25 до 0,75 литри жителите ќе добиваат 0,5 денари, за шише од 1 до 1,75 литри добиваат 1 денар, а за шише од 2 до 2,25 литри, 1,5 денари, рече Кичевски.

Првите 7 машини за рециклирање се поставени пред бараките на општина Центар, кај слаткарницата Апче, кај монтажната гаража „Буњаковец“, во затвореното паркиралиште „Дом на градежници“, денеска ќе се постави кај затвореното паркиралиште „Зелен пазар“, и во ГТЦ како и во затвореното паркиралиште „Дилајла“ во Капиштец.

-За да се користи машината и да се добиваат пари на сметка, жителите на Центар ќе мораат да си извадат Грин пеј картичка (Green Pay), која е замена за гостинската М картичка. Грин пеј картичката ќе може да се користи во зелената мрежа, во која досега се вклучени 30 локали, преговараме и со неколку големи маркети во кои ќе можат да ги користат овие средства. Покрај тоа, ќе добиваат и попуст за купување, информира Кичевски.

Досега до ПОЦ има пристигнато 50 апликации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот