фото: salaboristrajkovski.gov.mk

Почина тинејџер (15) од Скопје откако му се слошило на базен во Карпош

Вчера во 18.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен 15-годишник од скопско, на кој му се слошило додека бил на базен на подрачјето на Карпош.

Таму по извршените обиди за реанимација му била констатирана смрт без видливи траги на насилство.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

Завчера момче од Шпанија на 22-годишна возраст се удави на отворениот Олимписки базен во Битола. Шпанецот С.Ч. бил гостин на музичкиот камп кој деновиве се одржува во Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!