Фото: Јутјуб/Принтскрин

Почина познатиот јутјубер Ендрју Крос: Семејството одлучи да го исклучат од апаратите кои го одржуваа во живот

Познатиот јутјубер Ендру Крос почина на 36-годишна возраст откако не успеа да закрепне по тешката сообраќајна несреќа која се случи на почетокот на оваа година во Колорадо. Познат и како „DesertDrifter“, Крос кој имал над половина милион следбеници на „Јутјуб“, и покрај напорите на докторите не успеал да заздрави по тешката повреда на мозокот, по што семејството одлучило да го исклучат од апаратите кои го одржуваа живот.

– Духот на Андреј е слободен, опкружен со светлина и љубов. Ова е голема загуба за сите нас и ние сме неизмерно благодарни за вашата поддршка и молитви – објави неговата сестра на веб-страницата „CaringBrigde“.

Неговото семејство отвори страница „GoFundMe“ каде собраа околу половина милион долари за да ѝ помогнат на неговата сопруга со болничките трошоци.

Крос ги опиша своите авантуристички патувања во неговите блогови, а неговите следбеници се простија од него на неговиот канал.

– Ќе ни недостигаш. Нема видеа што се споредуваат со овие. Не одведовте на места што никогаш не можевме сами да ги посетиме. Преку вашиот објектив, можевме да ѕирнеме во минатото. Почивај во мир – напиша еден следбеник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот