
Почина позната новинарка и водителка по долга борба со ракот
Канадската телевизиска водителка и почитувана новинарка Беверли Томсон, почина на 61-годишна возраст, по борба со ракот.
Препорачано
Томпсон беше долгогодишна водителка на Си-ти-ви њуз позната по интервјуата со познатите личности.
Томсон починала во неделата наутро опкружена со своето семејство по долга борба со ракот. По дијагнозата во 2002 година, Томсон се активирала во собирањето средства и подигањето на свеста за ракот на дојка.
View this post on Instagram
Новинарката зад себе ги оставила сопругот Роб и двете деца, Тејлор и Роби.
Повеќе од три децении, Томсон ги водела Канаѓаните низ историски моменти низ целата земја и светот.
Од бурните американски избори во 2016 година, до интервјуата „еден на еден“ со познати личности како Селин Дион и Шанаја Твејн, до разговорите со Доналд Трамп, па дури и со Крис Хадфилд додека бил на Меѓународната вселенска станица, таа разговарала со најпознатите личности од своето време.
„Беверли Томсон беше доверлив глас за Канаѓаните и ценет соработник за сите нас во Си-ти-ви њуз“, рекол Ричард Греј, потпретседател за вести во „Бел медиа“.
„Начинот на водење на Беверли создаде моментална врска со гледачите. Таа, исто така, имаше значително влијание низ целата земја со децении со својата гласна поддршка и застапување на добротворни организации за борба против ракот. Беверли многу ќе ни недостига на сите нас во Си-ти-ви њуз. Наше најдлабоко сочувство до нејзиното семејство и најблиските“, додал тој.
Во октомври 2024 година, Томсон добила награда за животно дело од Здружението на радиотелевизиски дигитални вести на Канада.