Instagram

Почина Матија Дедиќ, синот на Арсен Дедиќ и Габи Новак

Синот на Арсен Дедиќ и Габи Новак, познатиот музичар Матија Дедиќ почина денес во Загреб на 53-годишна возраст.

Тој беше еден од најпознатите хрватски џез музичари. Потекнува од музичко семејство, а во 1997 година дипломирал џез на Академијата за уметности во Грац, објави Јутарњи лист.

Беше член на квартетот „Бојлерс“ од 1994 година, а кон крајот на 1990-тите формирал својот бенд.

Настапувал во многу европски земји, во Бразил и во САД. Во 2002 година, тој беше финалист на натпреварот на млади џез пијанисти на џез фестивалот во Монтре.

– Од Габи ја наследив љубовта кон џезот и колективот, додека стариот беше повеќе соло играч. Откако го придружував десет години, рече дека наскоро нема да му требам и беше во право – бидејќи на неколку бисови остануваше сам на пијаното. Го гледав и се прашувам зошто сум воопшто таму – зборуваше за своите познати родители Матија во интервју за „Глобус“ пред неколку години.

Добитник е на наградата на Хрватското друштво на композитори за најдобар џез композитор и повеќекратен добитник на наградите „Статус“ и „Порин“ за најдобри џез албуми, композиции и инструментални изведби.

– Најважното нешто што го научив од моите родители е да имам прекрасен однос со колегите и да се однесувам кон нив како кон рамноправни креатори во создавањето на музичкото патување – изјави неодамна за 24sata.

Со Матија често настапуваше неговата ќерка Лу.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matija Dedić (@dedic.matija)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот