Фото: Јутјуб/принтскрин

Почина македонската оперска певица Анастасија Низамова-Мухиќ

Првенката на Македонската опера и балет, Анастасија Низамова Мухиќ, почина денеска, информираше нејзината матична куќа.

„НУ Национална опера и балет со длабока така и жалење ја прими веста за заминувањето на оперската првенка Анастазија Низамова, мецосопран во Националната опера и балет“, пишува во објавата на социјалните мрежи.

Низамова Мухиќ дипломирала соло пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на професор К. Трпков), а специјализирала во Италија. Дебитирала на оперската сцена на МНТ со улогата на Ненси во операта Алберт Хе-ринг. Во МНТ е од 1972 година.

Таа е носителка на повеќе од 20 насловни и повеќе споредни улоги од својот фах, во кои демонстрира музикалност и темперамент во сценската изведба. Позначајни улоги: Орфеј (Орфеј и Евридика), Керубин (Свадбата на Фигаро), Ацучена (Трубадур), Адалџиза (Норма), Амнерис (Аида), Кармен, Розина (Севилскиот бербер), Мадалена (Риголето), Улрика (Бал под маски), Ирена (Цар Самуил).

Настапувала и на концертниот подиум со соло-рецитали, во вокално-инструментални дела и во областа на забавната музика – како интерпретатор на џез-композиции и спиритуали. Гостувала во Канада, САД, Полска, Русија.

Во 1991 година, Анастасија Низамова Мухиќ учествуваше на југословенскиот избор на песна за Евровизија – „Југовизија“, со композицијата „Молитва“ на Григор Копров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот