
Почина Лиса Џејн Смит, авторката на книгите „Вампирските дневници“ по кои е снимена истоимената хит-серија од 171 епизода
Лиса Џејн Смит, попозната како Л. Џ. Смит, авторка на книгите „Вампирските дневници“ кои беа инспирација за снимање на истоимената серија, почина на 66-годишна возраст. На нејзината официјална веб-страница беше објавено дека Смит починала мирно, по долга борба со болеста.
Препорачано
Родена во Форт Лодердејл, Флорида, Смит ги имаше најпродаваните бестселери. За време на нејзината кариера, Смит напиша 29 книги, а најпозната е по книгите „Вампирските дневници“, која подоцна беа адаптирани во хит телевизиска серија.
Нејзиниот дебитантски роман „Ноќта на краткоденицата“, беше објавен во 1987 година, а три години подоцна, го издаде продолжението „Срцето на храброста“, кое го заврши во 1990 година. Во објавата на страницата на авторката беше наведено:
„Лиза беше љубезна и нежна душа, чија брилијантност, креативност и емпатија ги разубавуваше животите на нејзините фанови, пријатели и семејството. Ќе биде запаметена по нејзината имагинативна душа, натприродната фикција, великодушност, топлина и срце, и на хартија и вон неа“.
Смит напиша седум книги од серијата „Вампирските дневници“ во текот на 1990-тите, додека останатите шест беа напишани под псевдоним, но таа продолжи да објавува алтернативни верзии врз основа на нејзината сопствена верзија на приказната.
Серијата започна во 2009 година и заврши во 2017 година, а беа прикажани вкупно 171 епизода, следејќи го љубовниот триаголник помеѓу браќата вампири Стефан Салваторе (Пол Весли) и Дејмон Салваторе (Ијан Сомерхалдер).
Дејствието е сместено во измислениот град Мистик Фолс, Вирџинија, а серијата открива цел натприроден свет под површината на навидум нормалниот живот.