Валери Полјаков/ Фото Vladimir Rodionov / Sputnik / Profimedia

Почина легендарниот руски космонаут Валери Полјаков

Рускиот космонаут кој го држи рекордот за најдолго патување во вселената, почина на 80-годишна возраст, пренесува Би-Би-Си. Валери Полјаков поминал 437 полни денови орбитирајќи околу Земјата помеѓу 1994 и 1995 година на вселенската станица Мир.

Тој работел на експерименти за да види дали луѓето би можеле да го одржат своето ментално здравје доколку одат на долго патување до Марс. Тестовите откриле дека немало оштетување на неговата когнитивна функција како резултат на неговата 14-месечна експедиција.

Смртта на Полјаков ја објави руската вселенска агенција, која ги користеше неговите почесни титули, како херој на Советскиот Сојуз и пилот-космонаут на СССР.

Причината за смртта на Пољаков не беше откриена.

Агенцијата Роскосмос во објава на Телеграм додаде дека истражувањето на Полјаков помогнало да се докаже дека човечкото тело може да се справи со летови далеку од орбитата на Земјата, во длабоката вселена.

Полјаков е роден во 1942 година во Тула, град јужно од главниот град Москва, квалификуван прво како лекар, а потоа и како космонаут.

Тој бил лансиран на својата прва мисија во август 1988 година, поминувајќи осум месеци во орбитата.

Токму неговиот лет шест години подоцна му го донесе на Полјаков рекордот за најдолго патување во вселената, кој сè уште постои до ден денес.

Полјаков живеел и работел на вселенската станица Мир од 8 јануари 1994 година до 22 март 1995 година, наводно кружејќи околу Земјата повеќе од 7.000 пати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!