Халид Бешлиќ/Фото: Принтскрин/Фејсбук

Почина Халид Бешлиќ

Легендарниот босански фолк пејач Халид Бешлиќ почина во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, пренесе „Рапорт.ба“. Според информациите од „Рапорт“, легендарниот пејач починал денеска на 72-годишна возраст по кратка борба со тешка болест, околу 13 часот.

Кон крајот на август, Халид Бешлиќ беше хоспитализиран во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, каде што беше под постојан надзор на лекарите.

Музичарот беше хоспитализиран долго време поради тешката болест – рак. Лекарите направиле сè што е во нивна моќ, но болеста, за жал, била посилна.

Подоцна беше откриено дека Бешлиќ бил префрлен на Одделот за онкологија поради проблеми со црниот дроб.

Тимот на Бешлиќ ги откажа сите негови закажани настапи пред еден месец.

Халид Бешлиќ е роден е на 20 ноември 1953 година во Кнежина кај Соколац и остави неизбришлив белег на музичката сцена на поранешна Југославија и пошироко.

Неговата кариера, која траеше повеќе од четири децении, вклучува бројни хитови кои станаа евергрин и неопходен дел од секоја забавна, радио и кафеанска музика.

Неколку недели пред неговата смрт, беше објавена неговата песна посветена на неговата сопруга Сејди, која често ја споменуваше како поддршка во кариерата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот