Роби Колтрејн
Роби Колтрејн во улога на Хагрид во Хари Потер / Фото: Принтскрин/IMDB

Почина ѕвездата на „Хари Потер“: Трагичниот живот на актерот Роби Колтрејн

Шкотскиот актер Роби Колтрејн, кој го отелотвори Рубеус Хагрид, омилениот лик од култниот „Хари Потер“, почина на 72-годишна возраст, како што јави „Би-би-си“.


Глумејќи го чуварот на клучевите и имотот во Хогвортс заработи милиони и ги освои срцата на обожавателите ширум светот, но неговиот живот не беше ни приближно сличен како типичните холивудски актери.

Пред да умре, Роби речиси две децении живеел во изнајмена пренаменета штала во ридовите западно од индустрискиот дел на Глазгов. Месечната кирија ја плаќал во износ од илјада фунти. Според приказните на пријателите и соседите, актерот поради болниот остеоартритис пет години бил во инвалидска количка и станал затвореник на сопствениот дом.

Актерот минатата година се појави во телевизиски специјал по повод 20-годишнината од првиот филм од франшизата за Хари Потер и шокираше многу фанови кои не знаеја дека е во инвалидска количка.

Првиот успех во кариерата го доживеал во британската крими-драма серија „Cracker“, но негов најголем успех беше улогата на Хагрид. Поради неговата лоша здравствена состојба, верните фанови на Хари Потер беа длабоко изненадени што актерот навистина се појави на 20-годишнината од првиот филм.

ФОТО+ВИДЕО | Се сеќавате на Хагрид од Хари Потер? Денес живее повлечен живот, еве како изгледа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот