Фото: Screenshot

Почина Борис Спаски, еден од најдобрите шахисти на сите времиња

Легендарниот светски шампион во шах, Борис Спаски, почина денес на 89-годишна возраст.

Веста за неговата смрт ја потврди претседателот на Руската шаховска федерација, Андреј Филатов.

„Замина голема личност, неговите партии создаваа, учеа и уште многу генерации шахисти. Голема загуба за земјата“, изјави Филатов.

Спаски е роден во поранешниот Ленинград, денешен Санкт Петербург, во 1937 година.

Светски шампион беше од 1969 до 1972 година, а неговиот меч со Роберт Фишер во 1972 година беше прогласен за „меч на векот“ и ќе остане запаметен во шаховската историја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот