Рами Хојбергер - Фото

Почина актерот од филмот „Шиндлерова листа“

Шеесет и едногодишниот Рами Хојбергер почина во средата доцна  навечер по битка со ракот. Тој глумеше и во филмовите „Шиндлерова листа“ и „Злато“.

Хојбергер почина во болница во Тел Авив, објави неговото семејство, зад себе остави две деца од првиот брак и уште две од подоцнежната врска со уметницата Дана Јахаломи.

Роден во Тел Авив во 1963 година, Хојбергер студирал на Академијата за глума „Нисан Натив“ откако дипломирал во средното училиште „Ирони Алеф“. Иако подоцна ќе стане еден од најпрепознатливите актери во Израел, тој често се сеќавал дека како момче никогаш не замислувал живот во театарот.

„Секое утро поминував покрај Камерниот театар на пат кон училиште, но кој би рекол тогаш дека и јас еден ден ќе бидам дел од него“, изјави тој за „Јент“ во 2013 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот