инстаграм

Почина 67-годишниот Миша Алексиќ од „Рибља чорба“ поради компликации со ковид-19

Басистот на легенадарната рок групата „Рибља чорба“, Мирослав Миша Алексиќ почина на 67-годишна возраст поради последици од ковид-19.

Музичарот со денови водеше битка против овој вирус и беше приклучен на респиратор, но на крај не успеа да ги совлада компликациите.

Миша имаше 67 години / Фото: Инстаграм

Неговата ќерка Мина Алексиќ пред неколку дена на Фејсбук објави статус за состојбата на нејзиниот татко, за кого веруваше дека ќе се опорави.

Миша Алексиќ / Фото: Рибља чорба, Фејсбук

„Мојот Миша е заболен од ковид и е на респиратор веќе трет ден. Секој час е негова борба за животот, како и моја за него. Миша би сакал сите наши блиски луѓе да знаат каков борец е тој. Би сакал сите луѓе кои го сакаат и почитуваат да бидат со нас, да бидат со него и да веруваат дека ќе го победиме коронавирусот“, напиша Мина во вторникот.

Миша Алексиќ со ќерката Мина / Фото: Принскрин, Фејсбук

Членовите на бендот се скршени за загубата на големиот пријател, а по тажната вест се огласи и неговиот пријател и кум Момичило Бајагич – Бајага.

„Ми умре пријателот, дознав пред неколку минути. Се чувствувам ужасно бидејќи ми почина еден од најдобрите пријатели, тоа е се што можам да кажам“, кратко изјави Бајага за Нова.рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот