Фото: Alexander NEMENOV / AFP / Profimedia

Побегна руската новинарка која јавно го критикуваше Путин и руската агресија

Руската новинарка Марина Овсијаникова, која во директен пренос на руска телевизија протестираше против нападот на Украина, денеска потврди дека побегнала од домашен притвор каде завршила поради наводно ширење на лажни вести.

„Се сметам себеси за целосно невина и бидејќи нашата земја одбива да ги почитува нејзините закони, одбивам да ја почитувам забраната што ми беше наметната на 30 септември 2022 година и се ослободувам од неа“, напиша таа на нејзиниот канал Телеграм.

Нејзиниот адвокат изјави дека 44-годишната новинарка требало да се појави на рочиштето во 10 часот по московско време и дека моментално не се знае каде се наоѓа.

Во август, Овсијаникова беше осудена на два месеци домашен притвор за протестот во јули, кога јавно протестираше против Кремљ со плакат на кој рускиот претседател Владимир Путин го нарече убиец, а неговите војници фашисти.

Таа се соочува со 10 години затвор за ширење лажни вести за руските вооружени сили.

Нејзиниот домашен притвор требаше да трае до 9 октомври, но државниот медиум „Раша тудеј“ во саботата напиша дека таа избегала со нејзината 11-годишна ќерка и дека не се знае каде се наоѓаат.

Се уште не е јасно како успеала да побегне, а во понеделник нејзиното име и фотографија се појавија на официјалниот список на бегалци од Министерството за внатрешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот