Фото: EPA-EFE/JIM HOLLANDER

Победата на Нетанјаху во Израел сигнал за поддршка на кандидатурата на Трамп од еврејското лоби во САД

Анкетите покажуваат дека на десничарскиот блок на Нетанјаху му фали еден мандат за да има мнозинство од 61 пратеник потребни за самостојно водење на владејачкото мнозинство.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху прогласи победа над својот политички ривал поранешниот началник на израелскиот Генералштаб, Бени Ганц, по вчерашните парламентарни избори во земјата, трети за помалку од една година. Овие избори беа организирани во екот на најголемата политичка криза во Израел во историјата на еврејската држава.

Нетанјаху веќе разговарал со сите десничарски партии и се договорил за формирање силна национална влада што е можно поскоро.

Анкетите покажуваат дека на десничарскиот блок на Нетанјаху му фали еден мандат за да има мнозинство од 61 пратеник потребни за самостојно водење на владејачкото мнозинство.

На претходните избори во април и септември немаше јасен победник и не можеше да се формира нова влада.

Се чини дек врз рејтингот на Нетанјаху влијае два нови фактори за кои беше тешко да се предвиди дали му одат во полза или можеби ќе го испратат во политичка пензија : обвинението против Нетанјаху за корупција и американскиот мировен план за мир на Блискиот Исток.

Две недели по изборите Нетанјаху би требало да се појави пред ерусалимскиот суд поради обвинувањата за корупција, што изгледа не ги одвраќа неговите поддржувачи да гласаат за него.
Нетанјаху се соочува со голем притисок и од неговата десничарска и верска база бидејќи лидерите на четири еврејски населби го притискаат премиерот да ги припои нелегалните населби на Западниот брег и во Јорданската долина што побрзо, со очигледно зелено светло на САД. На победата на Нетанјаху реагираа палестинските претставници кои обвинија дека во Израел победила политиката на анексијата и апартхејдот алудирајќи на американскиот план за западниот брег кој предвидува интегрирање на палестинската територија Западен брег за која Нетанјаху најави анексија веднаш по изборите.

Но се чини дека победата на Нетанјаху ја трасира и поддршката на еврејското лоби во САД за актуелниот претседател Доналд Трамп на претстојните претседателски избори. Трамп изминативе месеци интензивно соработуваше со Нетанјаху околу поддршката за интересите на Израел. Откако го призна Ерусалим за главен град, Трамп ги зголеми и политичките тензии со најголемиот израелски непријател Иран. Сите овие потези на Трамп беа во функција за поддршка на Нетанјаху, кој пак подоцна со своето политичко влијание, личен ангажман и лобирање би го убедил еврејското лоби во САД да го подржи Трамп во освојување на вториот мандат на претстојните претседателски избори кои ќе се одржат во  ноември годинава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот