
Побарувачката за злато во првиот квартал од 2025 година достигна 1.206 тони
Според најновите податоци од Светскиот совет за злато, глобалната побарувачка за злато во првиот квартал од 2025 година достигна 1.206 тони, што претставува раст од 1 процент во споредба со истиот период од претходната година.
Препорачано
Во тој период, цената на златото се зголеми за дури 38 проценти, а 2024 година се покажа како шеста најуспешна година во однос на растот на цената на златото во 21 век, објави Каматица.
Овој ненадеен скок на цените е резултат на значајни промени на глобално ниво, како во однесувањето на инвеститорите, така и во стратегиите на централните банки. Кога зборуваме за индивидуални инвеститори – кои најчесто купуваат златни прачки и златни монети, гледаме дека побарувачката за инвестициско злато се зголемила за дури 170 проценти во последната година.
Најголем придонес за овој раст доаѓа од Европа и Азија. Откако Европејците се фокусираа повеќе на продажба на злато во текот на изминатата година поради политичките и економските неизвесности, особено поврзани со трговската војна со САД, сега сме сведоци на промена во инвестициското однесување. Во исто време, глобалните инвеститори повторно се свртуваат кон инвестирање во злато преку EТФ-и.
Овие инструменти овозможуваат купување злато без негово физичко поседување – таканаречено „хартиено злато“, каде што инвеститорот има документ со кој се потврдува дека поседува одредена количина злато.
Имотот на овие фондови порасна за 333% во изминатата година, а најзначајните инвестиции дојдоа од Северна Америка (главно САД) и Азија. Во Азија, Кина е водечки пазар за златни ETФ-ови, при што кинеските фондови сочинуваат 80% од вкупните азиски ЕТФ-ови во оваа категорија.