
По заканите за ирански напад, прекини на GPS услугите во Израел
GPS услугите во голем дел од Израел се прекинати поради стравувања од ирански напад врз територијата на земјата, јави „Тајмс оф Израел“. Прекините се однесуваат не само на граничните области блиску до Либан, туку и на густо населените области во центарот на земјата.
Препорачано
Израел е во состојба на највисок степен на готовност поради заканите од Иран за одмазда за убиството на политичкиот лидер на палестинската групација Хамас, Исмаил Ханија, во Техеран. Тројца неименувани американски и израелски функционери изјавија дека очекуваат Иран да го нападне Израел уште утре, пренесе американскиот портал „Аксиос”.
Според медиумските извештаи, возачите во Израел забележале дека GPS координатите во нивните мобилни уреди почнале да покажуваат дека се наоѓаат во либанскиот главен град Бејрут.
Американскиот генерал Мајкл Ерик Курила, командант на Централното командување на САД, пристигна во Израел, што е индикација за можен претстоен напад од страна на Иран и сојузничките милиции во Блискиот Исток, наведува ДПА.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
9мин
-
17мин
-
32мин
-
33мин
-
37мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5