
По подолг период, економијата закрепнува, тврди Димитриеска Кочоска
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска преку „Фејсбук“ реагира на ставовите изнесени на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ Венко Филипче.
Препорачано
„Наместо да се манипулира со јавно објавени и достапни податоци и показатели за економската состојба, во продолжение неколку факти за „успешните економски“ политики на претходната Влада за која што говореше лидерот на опозицијата: Просечниот раст на БДП во периодот 2017-2023 во Македонија изнесуваше 1,8% што е едно од наjниските во Европа и за жал најмало споредено со земјите од регионот (БиХ 2,9%, Словенија 3,2%, Хрватска 3,5%, Албанија и Црна Гора 3,5%, Србија 3,6% и Косово 3,8%). Како Владата се справи со кризата и пандемијата говори и фактот што и тука податоците покажуваат дека повторно земјата имаше најнизок просечен раст од 1,2% споредено со земјите од регионот, што говори за успешноста и ефективноста на мерките. Оттаму, посочените „2 милијарди евра“ за поддршка на граѓаните и фирмите резултираа во зголемување на државниот долг во однос на БДП за повеќе од 10 процентни поени во 2020 споредено со 2019 година, што повторно е најголемо зголемување споредно со земјите од непосредното опкружување, а резултатите од тоа задолжување е најнизок раст. Дополнително за тоа како се потрошени парите за мерките и активностите за поддршка за вработувањето погодени од здравствената криза предизвикана од Ковид-19 говори и извештајот на Државниот завод за ревизија“, вели меѓу другото министерката.