Фото: Профимедиа

По одлуката за повлекување на 35 тони замрзната риба, косовската ветеринарна агенција објави дека е безбедна за консумирање

Косовската агенција за храна и ветеринарство (AУВ) објави дека присуството на паразитот Aнисакис симплекс во замрзната морска и океанска риба на косовскиот пазар не претставува никаков ризик за јавното здравје, доколку производот се користи во согласност со пропишаните стандарди.

„Присуството на овие паразити не претставува закана за здравјето на луѓето во случај на замрзната риба, бидејќи процесот на замрзнување на ниски температури ја уништил нивната способност да предизвикаат болести“, се вели во соопштението.

Агенцијата нагласува дека замрзнатата риба е безбедна за консумирање, особено кога е подготвена на температура над 60°C, што е меѓународен стандард кој целосно го елиминира секој можен ризик. Инциденти, според AУВ, можат да се појават само со свежа риба која не е ниту замрзната ниту термички обработена, особено во јадења како што се крудо, суши или сашими, пишува Коссев.

„Во тие случаи, рибата мора претходно да биде замрзната, во согласност со меѓународните практики и важечките закони“, се наведува во соопштението. „Рибата на косовскиот пазар не претставува ризик за јавното здравје“, вели AУВ, потсетувајќи дека проценките на Европската унија и косовското законодавство јасно утврдиле правила за третирање на сурова риба за отстранување на паразити.

Според важечките прописи, суровите производи од риба мора да се обработуваат на начин што го елиминира потенцијалниот ризик – со замрзнување на температура од најмалку -18°C или термичка обработка над 60°C, во зависност од видот на паразитот и дебелината на производот. Рибата се увезува на косовскиот пазар од САД, Канада, Шпанија, Хрватска и Македонија, исклучиво замрзната на температури пониски од -18°C, со придружни здравствени сертификати од земјите извознички.

Агенцијата пред три дена објави дека независната комисија на AУВ ја зела предвид практиката на неколку европски земји, каде што рибните производи со паразити се повлекуваат од пазарот со цел да се заштити јавното здравје. Врз основа на тие стандарди, потоа е одлучено да се повлечат и уништат 35.170 килограми риба. Патем, агенцијата реагираше во два наврати откако во медиумите се појави информација дека кај одредени производители, односно во трговските синџири, е пронајден паразит. Агенцијата не објави дали ја повлекла објавената количина од овој производ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот