Самсунг / Фото EPA-EFE/LUONG THAI LINH

Трамп: По најавените царини за „Епл“, „иста судбина“ ќе има и „Самсунг“ доколку не почне да произведува телефони во САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп зборувајќи со новинарите во Овалната соба рече дека царините од 25 отсто освен за Епл, ќе важатза јужнокорејскиот Самсунг, како и за која било друга компанија што произведува паметни телефони.

-Или не би било фер. Кога ќе ја градат својата фабрика тука, нема царини. Значи, тие ќе градат фабрики тука- рече тој, додавајќи дека Белата куќа „соодветно ќе го спроведе до крајот на јуни“.

Кога првпат ги објави царините утрово, тој конкретно се осврна на извршниот директор на Епл, Тим Кук, кој неодамна изјави дека компанијата го зголемува производството во Индија.

Трамп се закани со царини од 25 отсто доколку „Епл“ не ги произведува телефоните во САД

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот