Драган Ѓилас

По моделот на Македонија – Ѓилас предлага техничка влада со мандат од 100 дена за брзи избори во Србија

Претседателот на Партијата за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас, вечерва изјави дека техничка влада со максимален мандат од 100 дена и непартиски личности е едно од решенијата што би довело до „брзи и релативно фер и чесни избори“, пренесува Н1 телевизија.

„Дали некој навистина мисли дека е подобро Ивица Дачиќ да биде министер за полиција за време на изборната кампања и на денот на изборите, отколку некоја непартиска личност која би реагирала на првите информации за купување гласови и би се погрижила луѓето што го прават тоа да бидат приведени“, изјави Ѓилас во интервју за телевизијата Нова.

Тој додаде дека таков модел, со посредство на Европската Унија, е имплементиран во  Македонија и Црна Гора.

„Луѓето се тепани, клоцани додека лежат на земја, апсени, девојките се закануваат со силување од страна на полициските команданти. На сите им е јасно кој врши насилство во оваа земја и кој се бори за слобода и правда“, рече Ѓилас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот