epa09018170 (FILE) - The Nestle logo is pictured during the general meeting of the world's biggest food and beverage company, Nestle Group, in Lausanne, Switzerland, 11 April 2019 (reissued 17 February 2021). Nestle is due to release its 2020 full-year results on 18 February 2021. EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

По критиките за нездрави производи Нестле разработува нова стратегија за храна и здравје

 Швајцарскиот производител на храна и пијалаци Нестле денеска соопшти дека работи на ажурирање на својата стратегија за храна и здравје, откако Фајненшл тајмс објави внатрешен документ на прехранбениот гигант, во кој голем дел од својата храна и пијалаци се категоризирани како нездрави производи.

Претходно, Фајненшл тајмс објави дека има увид во внатрешната презентација што циркулира меѓу  раководните лица во која се наведува дека повеќе од 60 проценти од редовното портфолио на храна и пијалаци на Нестле не можат да се сметаат здрави според „признатата дефиниција за здраво”.

Весникот наведува дека проценката опфаќала околу половина од вкупното портфолио на Нестле, бидејќи категориите како што се медицинска исхрана, храна за домашни миленици, кафе и прилагодени формули за новороденчиња се исклучени од анализата.

Аналитичарот за финансиски услуги Кеплер Шувре Џон Кокс истакна дека со вклучувањето на овие категории значително ќе се намали процентот на потенцијално нездравите  производи.

Нестле соопшти дека работи на „проект што се оденсува на целата компанија” за ажурирање на својата стратегија за исхрана и здравје и го разгледува целото свое портфолио за да обезбеди своите производи да помогнат во задоволување на нутритивните потреби на луѓето.

Компанијата додава дека во изминатите седум години ги намалила шеќерот и солта во производите за околу 14 до 15 проценти. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!