Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

По катастрофалниот земјотрес во Албанија, регистрирани нови 2.100 потреси
За неколку недели од разорниот земјотрес, што Албанија ја погоди утрото на 26 ноември, со јачина од 6,4 степени според рихтеровата скала, регистрирани се повеќе од 2.100 потреси со различна јачина.
Препорачано
-Над 2.100 потреси се регистрирани во Одделот за сеизмологија, по земјотресот на 26 ноември. Последниот е почувстван во четвртокот со јачина од 4,7 степени според Рихтер, изјави Реџеп Кочи,шеф на одделот за сеизмологија.
Според него периодот на целосно смирување на тлото трае од еден до неколку месеци и додава дека се очекува „сеизмичката активност да биде нормална и секогаш со помал интензтет”.
-За да се мониторираат последователните потреси, по оној главниот, од Каваја до Лежа, се инсталирани 30 сеизмометри, кои ќе дадат повеќе информации за главниот потрес,вели Кочи.
Тој се задржува и на појавата на распукување на земјата, од неколку сантиметри до половина метар и повеќе,како и феноменот на појава на вода.
-Тоа познат феномен во подрачја каде седиментот е мек и со присуство на вода.Тоа се манфестираше во неколку села северно од градот Драч, изјави Кочи.
Како најнесекојдневна појава сепак се издвојува онаа во селото Јуб, кај Драч, каде распукала земјата во должина од неколку километри,ширина од метар, се чувствувал мирис на гас,а површината на земјата покриена со глина. Низ целото село имало длабоки дупки.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
2час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5