светска банка
Светска банка / Фото: МИА

По децении, Светска банка за првпат ќе поддржи проекти за нуклеарна енергија

Светската банка (СБ) ќе поддржи проекти за производство на нуклеарна енергија „за прв пат по децении“, изјави претседателот на институцијата, Аџај Банга, во писмо до кое агенцијата Франс-прес добила пристап.

Ова ќе вклучува поддршка на „напорите за проширување на постојните реактори во земјите што веќе ги имаат, како и подобрување на мрежите и инфраструктурата. Исто така, ќе работиме на забрзување на потенцијалот на малите модуларни реактори, кои ќе понудат одржлива опција за повеќе земји на долг рок“, пишува претседателот на СБ. За да се постигне ова, СБ ќе соработува со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за зајакнување на советодавните капацитети за заштитни мерки против ширење, безбедносни и регулаторни рамки, истакна Банга. Тој не ги прецизираше износите што би можеле да бидат доделени за овие проекти, пренесува БТА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот