Аминистрација / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

По 20 години, Законот за работни односи ќе добие најтазе верзија, договорите на определено од пет се симнуваат на две години

Од работодавачите, синдикатите и правниците ќе зависи дали Министерството за економија и труд ќе го доработи материјалот на измените на Законот за работни односи, кои се готват веќе 7 години или ќе се изработи целосно нов законски текст на овој своевиден работнички Устав, порача министерот Бесар Дурмиши на Конференцијата насловена како „Реформа на Законот за работни односи – предизвици и насоки“ во организација на МЕТ. Тој потврди дека е разговарано за едно од најгорливите прашања од овој закон – рокот до кога газдите можат да ги продолжуваат договорите на определено време и тој од актуелните пет треба да се симне на само две години.

-Трудовото законодавство е од витално значење и во овој контекст ЗРО обезбедува легислативна рамка што треба да промовира продуктивност и сигуроност во работата. Актуелниот закон е од 2005 година и досега на него се направни дури 28 измени и дополнувања. Тие придонесоа за тешко следење на пазарот, а детектирани се одредби кои внесуваат правна несигурност, па оттука се неопходни реформи на најважното трудово законодавство. Но, тие ќе треба да бидат прифатени од сите инволвирани страни, па затоа сакаме да го слушнеме мислењето и на експертите и судиите. Од оваа расправа ќе зависи дали ќе одиме со поголеми измени или ќе продолжиме да работиме на текстот кој се работеше подолг период. Очекувам реална дискусија, ќе се отвораат сите теми и како ќе одулучат работодавачите, синдикатите и правниците, така ќе постапиме во иднина. Очекувам да се скрати актуелниот рок за вработувањата на определено време, кој сега е 5 години. Сакаме да се слушнат сите социјални партнери и на крајот која одлука ќе излезе од оваа расправа, ние ќе работиме во таа насока – рече Дурмиши.

Според Александар Матески, доктор по економски науки, законодавецот нужно мора да ја има предвид кревкоста на македонската економија и нестабилноста на пазарот. Решението за договорите на определено време мора да одговара на локалните македонски услови.

-Генерално, договорот на определено време се смета за почетен и неопходен мост кон договор за вработување на неопределено време. Предложениот период од две години се чини поразумно решение од досегашното, но прашањето е дали склучувањето на најмногу три договори е доволно или е потребно зголемување на можноста работодавачот и работникот да склучат повеќе договори на определено време. Како и да е, времето кога се склучуваа договори на определено време „месец за месец“ изминува – напиша Матески во Економија и бизнис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот