Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

По 14 годишна борба со Паркинсоновата болест: Почина оскаровецот Стјуард Крег
Дизајнерот на филмска продукција и добитник на Оскар, Стјуарт Крег, почина на 83-годишна возраст, соопшти неговото семејство, според британските медиуми.
Препорачано
Во соопштението се вели дека Крег починал мирно дома по 14-годишна борба со Паркинсоновата болест, објави „Гардијан“.
Крег е познат по својата работа на филмови како што се „Човекот-слон“ и франшизата Хари Потер. Тој освои Оскар за „Ганди“, „Опасни врски“ и „Англискиот пациент“, а беше номиниран за уште осум. Крег е исто така трикратен добитник на наградите на Британската академија за филм (BAFTA) и беше номиниран за наградата 16 пати. Својата кариера ја започна во 1960-тите и 1970-тите години на филмови како што се „Казино Ројал“, „Ројал Флеш“, а потоа беше уметнички директор во продукцијата на „Мостот на спуштањето“ и „Супермен“.
„Стјуарт Крег беше еден од најголемите продукциски дизајнери кои работеа на филмот. Тој беше и еден од најљубезните и најдарежливите луѓе. Имаше извонреден вкус и чувство за раскажување приказни“, рече Дејвид Хејман, продуцент на франшизата Хари Потер, додавајќи дека е привилегија да се работи со него.
Режисерот на последните четири филмови за Хари Потер, Дејвид Јејтс, рече дека Крег бил гигант во филмската индустрија, но и драг колега и пријател.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
17мин
-
47мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5