
По 13 години брак, Саша Барон Коен и Исла Фишер официјално се разведоа: Остануваме пријатели
Актерот Саша Барон Коен, кој се прослави со улогата на Борат, и неговата сопруга Исла Фишер синоќа на своите Инстаграм профили објавија дека се развеле, пренесува „Пипл“.
Препорачано
– Нашиот развод сега е завршен. Горди сме на сè што постигнавме заедно и, со меѓусебно почитување, остануваме пријатели и посветени на заедничкото воспитување на нашите прекрасни деца. Ги молиме медиумите да продолжат да ја почитуваат приватноста на нашите деца – изјавија Саша и Исла.

Тие не објавија, ниту пак досега протече во јавноста, како го поделија заедничкото богатство вредно 140 милиони евра.
Саша Барон Коен (53) и Исла Фишер (49) првпат се запознале во 2001 година, а се венчале девет години подоцна. Се верувало дека имаат еден од најстабилните бракови во шоубизнисот – пред тивко да се разделат во 2023 година. Потоа јавно објавија дека се разделиле во април 2024 година, а сега се чини дека пријателски ги решиле сите разлики меѓу нив.
– Сè е договорено. Сега и Саша и Ајла само сакаат да продолжат со остатокот од животот – и да се фокусираат на благосостојбата на своето семејство – изјавил неименуван извор за „Дејли мејл“.
Тие го објавија разводот на специфичен начин – на социјалните мрежи споделија фотографии од двајцата во тениска облека со порака.
– По долг тениски натпревар што траеше повеќе од 20 години, конечно ги спуштаме рекетите. Секогаш сме ја ставале нашата приватност на прво место и тивко работевме на оваа промена. Ја споделуваме нашата посветеност и љубов кон нашите деца засекогаш. Искрено цениме што ја почитувате желбата на нашето семејство за приватност – нагласија тие.