Фото: FC Struga

ПМФЛ: Струга го победи Шкупи за крај на шампионската сезона

Со денешните натпревари од 33-то коло и официјално заврши сезоната во Првата фудбалска лига.

Струга Трим Лум покажа зошто сезонава е најдобра и го победи досегашниот Шампион Шкупи со 2:1. Адетунџи го отвори резултатот, но потоа Радески и Ибраими не дозволија Струга со пораз да ја заврши сезоната.

Шкендија со 1:2 го победи Работнички на „Борис Трајковски“, а со истиот резултат Брегалница беше подобра на Скопје кој веќе е со мислите на баражот со Вардар за опстанок во ПМФЛ на 21-ви мај.

Академија Пандев и Силекс ремизираа одигрувајќи, додека Тиквеш од Прилеп против Победа се враќа со убедлива победа од 1:4.

Oд лигата сезонава испадна Победа, Ренова се откажа на почетокот, а од наредната Гостивар и Воска Спорт ќе бидат новите прволигаши. Последното место ќе го пополнат Вардар или Скопје. Во европските квалификации покрај Струга, пласман обезбедија Шкупи и Шкендија.

РЕЗУЛТАТИ 33-ТО КОЛО ПМФЛ:

Академија Пандев – Силекс 2:2

ФК Скопје – Брегалница 1:2

Победа – Тиквеш 1:4

Работнички – Шкендија 1:2

Струга – Шкупи 2:1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот