Фото: ФК Работнички

ПМФЛ: Работнички го доби скопското дерби со Вардар, Шкендија со ,,шестка” во мрежата на Силекс

Tимот на Работнички денеска славеше во скопското дерби со Вардар (2:0) и така направи голем чекор во битката за опстанок. Двата гола домаќините ги постигнаа во второто полувреме.

Средбата започна со блага иницијатива на Вардар, а и проблем за Работнички. Уште во стартните минути се повреди Влатко Стојановски, а на негово место влезе Биала Гандо.

Мазари имаше можност за гол на Работнички и ја промаши топката во обидот да шутира. Првата посериозна шанса во второот дел ја имаше Лемос, но мрежата не се тресеше и во оваа ситуација.

Работнички по тоа промашувањеповеде преку контра. Нововлезениот Димитар Тодоровски доби топка во срцето на шеснаесетникот и со шут под пречката го совлада голманот Гачевски. Во завшрницата Мазари ги постави конечните 2.0.

Во останатите два натпревари. Шкендија со 6:1 го декласираше Силекс, додека Струга ремизираше со Брегалница 2:2.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот