фото: Слободен печат/Драган Митрески

ПМФЛ: Хет-трик на Мато против Арсими, Вардар го дели врвот со Струга Трим Лум

Денеска во својот шести натпревар од новата сезона во Првата македонска лига, фудбалерите на Вардар на гости со 4:1 го совладаа Арсими.

Интернационалецот од Уганда, Мато, имаше одлична партија постигнувајќи три гола во деветтата, 35 и 47 минута.

Еден погодок за Вардар беше дело на Хрватот Матиќ во 29 минута од средбата, а единствениот гол за домаќините го реализираше Рамадани во 70 минута од натпреварот.

При резултат 4:0 за Вардар, гостинскиот тим играше со фудбалер помалку од 59 минута поради втор жолт картон на Најдовски.

Шикиру беше фаулиран од Најдовски, а по преглед на ВАР судијата досуди пенал и му покажа црвен картон на дефанзивецот на Вардар.

Шефити ја презеде одговорноста, но шутираше крај дирекот и ја промаши најголемата можност за домаќините.

Тоа е веќе петти триумф во првенството за скопските „црвено-црни“ кои моментно го делат првото место на табелата со Струга Трим Лум со по 16 бодови.

Арсими кој игра доста променливо досега во шампионатот, после третиот пораз е на осмото место со пет бодови.

Во следното коло Вардар на 21 септември во градското дерби ќе се соочи со Работнички, додека Арсими еден ден подоцна оди на гости кај Брера Струмица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот