фото: facebook/Brera Strumica

ПМФЛ: Брера Струмица обезбеди опстанок, Беса 1976 ќе игра бараж

Денеска се одиграа четири натпревари од 33 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), екипата на Брера Струмица останува прволигаш по победатад над Работнички.

На стадионот „Младост“ во Струмица играчите на Брера го совладаа Работнички со 3:2.

Во 15 минута домаќините поведоа со голот на Ндзенгуе, а предноста ја зголеми Велков во 28 минута.

„Романтичарите“ намалија во 32 минута преку Лазаревиќ, а во 58 минута за 3:1 се погрижи Ѓоргиевски од пенал. Работнички до крајот на мечот успеа само да го ублажи поразот во 82 минута кога стрелаше Николовски.

Екипата на Беса 1976 ќе игра бараж иако триумфираше над Пелистер со 4:1 на гости.

После првото полувреме Беса 1976 водеше со погодоците на Алими во 14 и Селмани во 26 минута.

Љамалари во 48 минута го постигна третиот гол, битолската екипа намали на 3:1 во 63 минута преку Тарасенко, а конечниот епилог го постави Али (75`) за потврда на победата.

Шкендија и покрај поразот од 3:1 од претходно веќе ја обезбеди шампионската титула, додека Тиквеш и Струга ремизираа 3:3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот