Фото: Andrii Shevchuk / Alamy / Profimedia

Плочи на Оливија Њутон Џон и „Пинк Флојд“ меѓу најскапо продадените: Ретките изданија достигнаа цена над 6.000 долари

За да може една плоча од вашата колекција да се продаде за висока цена, мора да бидат исполнети три услови: да е стара најмалку 40 години, да е добро сочувана и да не била издадена во голем тираж. Овие непишани правила се потврдуваат со августовската топ-листа на најскапо продадени албуми.

Најголемата светска онлајн платформа за продажба на сите видови носачи на звук, „Дискогс“, ја објави листата на најскапо продадени плочи во август.

На прво место се најде „Xanadu“ – промотивен 10-инчен винил со фотографија на Оливија Њутн Џон и песна на групата „Електрик лајт оркестра“ на другата страна. Вредноста му е 6.500 долари. Ова ретко издание е испечатено во 1980 година во само триесетина примероци (наводно точно 31). Било повлечено на барање на пејачката, која не била задоволна од фотографијата. Иако се сметало дека не било можно да се порача тираж помал од 300 копии, голем дел од изданието, според наводите, веднаш бил уништен. Токму затоа преостанатите примероци денес вредат илјадници долари, а рекордната продажба некогаш достигнала и 9.000.

На второ место е легендарниот албум на „Пинк Флојд“„Wish You Were Here“. Се работи за специјалната „Суперкат“ верзија, наменета за Хај-фај ентузијасти, достапна единствено по пошта преку списанието „Хај-фај тудеј“. Изданието го направила издавачката куќа „Нимбус“, специјализирана за класична музика, со уникатно ремастерирање на оригиналните траки. Цената била 6.450 долари.

Трето место заземаат „Битлси“ со својот прв албум од 1963 година – „Please, Please Me“. Станува збор за издание повлечено од продажба поради грешки во печатот: погрешни етикети во боја, неправилно наведени издавачки права и различна позиција на авторот на фотографијата. Токму овие грешки ја зголемија реткоста и цената, која во август достигна 4.800 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот