Лекови МИА
Лекови/ Фото: МИА

„Плива“, „Баер“, „Фајзер“, „Белупо“, пријавија недостиг на познати лекови

Неколку познати фармацевтски компании деновиве пријавија недостиг на познати лекови. Така, „Плива“ пријави недостиг од три лекови за хемотерапија, а причините за недостигот се поврзани со производството, што значи дека имало нарушување во снабдувањето со активната супстанција. Германскиот гигант „Баер“ известува за недостиг на лекот „вергуво“ од 10 мг и 5 мг што се користи против хронична срцева слабост.

Нема да го има до почетокот на следната година, а тоа е од комерцијални причини. Од „Фајзер“, пак, велат дека лекот „цибинго“ 50 мг за атопичен дерматитис нема да го има до 31 мај. „Новартис“ пријави недостиг на два лека за висок крвен притисок до 31 март, а причините се поврзани со производството. „Џонсон & Џонсон“ известува за недостиг на силниот аналгетик кој лекува силна хронична болка „дурогестик“ од 25, 50, 75 и 100 микрограми, трансдермален фластер со активната супстанција фентанил. Причините се поврзани со квалитетот, а ќе биде достапен до 30 септември. Инаку, фентанилот е опијат сличен на морфинот и спаѓа во група на лекови. „Белупо“ пријави недостиг на „лидокаин хлорид Белупо“ 20 мг/мл, кој се користи како локален анестетик. Причините се поврзани со производството, а ќе го нема до 15 април. Тука е и епилептичниот „леветирацетам Белупо“ 500 мг: причината за недостигот е квалитетот, а ќе биде достапен до 20 мај, предупредува Даница.хр.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот