
Плејмејкерот на Барса шест месеци надвор од терените по нова операција
Кошаркарот на Барселона, Хуан Нуњез, нема да му биде на располагање на тренерот Ѓоан Пенја рои, откако оперативно беше решено воспалението на претходно повреденото колено.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Нуњез, 21-годишен плејмејкер висок 192 сантиметри, мораше да му биде отстранета циста од менискусот по артроскопска интервенција. Затоа ќе ја пропушти речиси целата полусезона – на паркетот сигурно нема да се врати пред 2026 година, а периодот на опоравување се проценува на околу шест месеци.
Шпанецот веќе на 11 март беше опериран на десното колено поради руптура на менискусот. По враќањето на тренинзите се појави воспаление кое не се повлече и покрај терапијата, па медицинскиот тим на клубот закажа нова хируршка интервенција.
Минатата сезона Нуњез настапи на 25 натпревари во Евролигата, со просек од 5 поени и 3,4 асистенции по меч. Тој е производ на школата на Реал Мадрид, кој го напушти во 2022 година, а по одличните партии во Улм, привлече внимание и од НБА. На драфтот во 2024 година беше избран од Индијана Пејсерс како 36. пик, а потоа преку трејд заврши во Сан Антонио. Лани летото и се приклучи на Барселона.
Во негово отсуство, Пенја рои на располагање ќе ги има Хуани Маркос, Тома Шаторенски и Нико Лапровитола.
Барселона ја отвори сезоната во Евролигата со пораз од Хапоел Тел Авив, а во второто коло во петок (20:15 ч.) гостува кај Панатинаикос.