Пластични ќеси
Пластични ќеси / Фото: EPA-EFE/MAK REMISSA

Пластичните и оксобиоразградливи кеси ќе се забранат од 1 јули следната година

Одлуката за целосна забрана за пуштањето на пластични и оксобиоразградливи кеси за носење стоки на пазарот во земјава ќе стапи во сила на 1 јули 2024 година, а не на 1 јули годинава, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

-Согласно Правилникот за изменување на правилникот за стандардите за биоразградливост кои треба да ги исполнуваат кесите за носење на стоки, начинот на пуштање на пазар на биоразградливи кеси од страна на трговците, како и формата и содржината на образецот за водење на евиденција, направена е измена во членот 6 во ставот 1, и зборовите „1 јуни 2023 година“ се заменуваат со зборовите „1 јуни 2024 година“. Од тука забрана за употреба на кеси што не ги задоволуваат стандардите пропишани со овој правилник целосно ќе биде имплементирана од 1 јуни 2024 година, посочуваат од МЖСПП.

Дел од медиумите денеска информираа дека од 1 јули годинава ќе биде целосно забранета употребата на пластични кеси во маркетите кои се продаваат за 15 денари, а ќе можат да се користат само биоразградливи кеси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот