Фото: washingtonpost.com

Планираат ширење низ целиот свет: „Вашингтон пост“ ќе отвора нови редакции и дописништва во Европа и во Азија

Американскиот весник „Вашингтон пост“ се подготвува за глобална експанзија во 2021 година. Медиумот планира да отвори неколку редакции во наредната година, вклучително во Лондон и во Сеул, и да обезбеди 24 часовни извештаи од настани насекаде низ светот.  

Покрај тоа, медиумскиот гигант ќе отвари свои дописнички бироа во Сиднеј и во Богота, со што вкупниот број на странски редакции и дописништва ќе се зголеми до 26. Во нив ќе работат 44 постојано вработени, а вкупниот број на вработени во медиумот може да се зголеми до 1.010 луѓе, рекорден број на постојано вработени во историјата на весникот

„Вашингтон пост“ е основан во 1877 година. Долгогодишен сопственик на весникот беше фамилијата Мејер-Грем, која во 2013 година го продаде весникот на Џеф Безос, основачот на онлајн продавницата „Амазон“. 

Експанзијата на овој весник се случува во време на пандемија на ковид-19 и длабока криза во медиумската индустрија. Според консултантската куќа „Challenger, Gray & Christmas, само во првата половина на оваа година американските изданија затвориле 11.000 работни места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот