Планинарски марш по повод 76 години Февруарски поход

Како што информира Љупчо Чучуковски претседател на ПСК „Голак” одговорен за реализацијата на маршот, тргнувањето на планинарите е во 7:30 часот од паркингот пред Спомен дом АСНОМ.

По повод 76-годишнината од Февруарскиот поход, утре ќе се одржи планинарски марш до планината Голак.

Како што информира Љупчо Чучуковски претседател на ПСК „Голак” одговорен за реализацијата на маршот, тргнувањето на планинарите е во 7:30 часот од паркингот пред Спомен дом АСНОМ.

– Маршрутата на движење започнува од Делчево преку Стар Расадник, манастирски комплекс „Св. Богородица Балаклија”, детско одмаралиште, шумска зграда. Патеката е долга 24 километри и во двата правци. Ги повикуваме граѓаните, здруженијата, јавните претпријатија, институции, политички партии и други, да земат учеството во традиционалниот планинарски марш со кој се одбележува значаен датум од НОВ, информира Чучуковски.

Организатор на настанот е општина Делчево од каде додаваат дека во рамките на одбележувањето на 76-годишнината од Февруарскиот поход, учесниците на планинарскиот марш ќе положат свежо цвеќе пред спомен-плочата на Февруарскиот поход.

За сите учесници на маршот предвидени се благодарници, а Општината има обезбедено ручек и топол напиток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот