Пјер Агостини, Ференц Краус и Ен Л'Хулие добитници на Нобелова награда за физика / Фото Принтскрин твитер

Пјер Агостини, Ференц Краус и Ан Лие добитници на Нобеловата награда за физика

Овогодинешната Нобелова награда за физика им се доделува на Пјер Агостини, Ференц Краус и Ан Лие за експериментите што му донесоа на човештвото нови алатки за истражување на светот на електроните во атомите и молекулите, соопшти денеска шведската Кралска академија на науките.

Тие беа избрани заради „експериментални методи кои генерираат атосекундни импулси на светлина за проучување на динамиката на електроните во материјата“, соопшти академијата.

Настаните кои брзо се движат се влеваат еден во друг кога ги перцепираат луѓето, исто како што филмот што се состои од неподвижни слики се перцепира како континуирано движење, велат од академијата.

„Ако сакаме да истражиме навистина кратки настани, потребна ни е посебна технологија. Во светот на електроните, промените се случуваат за неколку десетини од атосекунда – атосекундата е толку кратка што во една секунда има онолку колку што имало секунди од раѓањето на универзумот“.

„Пјер Агостини, Ференц Краус и Ана Л’Хуилје покажаа начин да се создадат екстремно кратки импулси на светлина што може да се користат за мерење на брзите процеси во кои електроните се движат или менуваат енергија“, се вели во соопштението за печатот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот